Skip to main content

Задолжителната вакцинација пред Уставен

Група родители ќе побараат од Уставниот суд да провери дали се во согласност со Уставот законските одредби со кои на родителите им се наложува задолжителна вакцинација на децата.

vakcinacija
вакцинација

Група родители ќе побараат од Уставниот суд да провери дали се во согласност со Уставот законските одредби со кои на родителите им се наложува задолжителна вакцинација на децата.

vakcinacijaИницијативата во нивно име ќе ја поднесе Стамен Филипов, познатиот оспорувач на уставноста на многу закони пред Уставниот суд, откако родителите го побарале тоа од него.

Согласно македонските закони, вакцинацијата на децата е задолжителна, а родителите кои нема да ги вакцинираат децата не можат да ги запишат на училиште и го губат правото на додаток.

Родителите се загрижени од негативните ефекти од вакцините и велат дека државата не може да ги сака нивните деца повеќе од нив самите. Отпорот против вакцините во Македонија се зголеми, откако слични ставови се појавија и во соседните земји, а вакцинацијата беше презентирана како еден од можните предизвикувачи на аутизам кај децата.

Надлежните сепак апелираат да се почитува здравствениот систем, децата редовно да се вакцинираат, затоа што само така можат да се заштитат од многу сериозни болести. Од Министерството за здравство уверуваат дека вакцините се 100% сигурни, а без нив епидемиите би биле секојдневие.

{loadposition content9}