За Жак Баро сме „Северна Македонија“
Потпретседателот на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.
Жак Баро

На состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, не беше донесена ниту одлука, ни заклучоци по прашањето за визната либерализација. Тоа беше само можност за запознавање со извештаите на Европската комисија за секоја земја посебно. Словенија, по чие барање беше отворено ова прашање, се залaга за индивидуален пристап, додека еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро, најавува дека одлуката за укинување на визите е можно да биде донесена до почетокот на есента за три земји: Македонија, Србија и Црна Гора. Во таа прилика Баро, ја нарече Република Македонија – „Северна Македонија“:
„ Тоа што можам да кажам е дека ние денес имаме чувство дека ПЈРМ, Северна Македонија, Србија и Црна Гора навистина направиле големи напори. Затоа, ние мислиме дека треба да водиме сметка за овие напори. Во моментов не сум апсолутно сигурен, но постои веројатност да предложиме за крајот на годинава либерализација на визниот режи. Тоа е предлог за трите земји. Но, тоа е само предлог и тоа е веројантност за која не можам да кажам повеќе“, изјави комесарот за правда и внатрешни работи, Жак Баро. Тоа според него е можно, но под услов ако земјите членки се согласуваат.
„Нормално треба да донесеме одлука пред летото или почетокот на есента, зависи од агендата на претседателството“, додаде Баро.

{loadposition content9}