Skip to main content

Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница

 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.
 |  инфодеск  | 
park, playing catch, kids, children, nature, summer, childhood, caucasian, outdoors, children, children, children, children, children

 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.

Законот беше изгласан на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. 

Амандмани предложени од Левица бараат во член 9 став 2, зборовите „на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните да се сменат со зборовите „на еден од службените јазици и нивните писма во зависност од мајчиниот јазик на кандидатот“, додека во членот 10, оваа реченица целосно да се избрише. СДСМ, пак, бара од законот да се избришат двата спорни члена, односно и полагањето на испитот и лиценците да бидат само на македонски јазик. Наместо двојазични, во областа на детската заштита ќе се издаваат лиценци на македонски јазик за сите, а доколку некој побара, ќе добие и лиценца плус, на албански јазик.

Претседателката укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот.