Skip to main content

Законските измени за зголемување на пензиите поминаа во владина процедура

Од Министерството потенцираат дека целта на предложените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување е да се обезбеди зголемување на животниот стандард и подобар квалитет на живот на пензионерите.
 |  инфодеск  | 

Предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој ќе се овозможи зголемување на пензиите на 1 септември 2024 и 1 март 2025 година, помина во владина процедура и наскоро ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Поконкретно, на 1 септември 2024 година сите видови пензии остварени според овој закон од 31.08.2024 година ќе се зголемат за 2.500 денари, а на 1 март 2025 година сите видови пензии што се реализираат со овој закон од 28 февруари 2025 година ќе се зголемат за 2.500. денари, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, кое ги предложи законските измени.