Skip to main content

Ќе си замине ли ланецот „Мекдоналдс“ од Македонија?

По 16 години работење, американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ заминува од Македонија.

mekdonalds
мекдоналдс

Од централата на оваа фирма за Европа, велат дека „Мекдоналдс Европа“ го прекинала договорот за франшиза со македонската компанија „СЈ“, која пред 16 години го отвори првиот ресторан на овој синџир во земјава.

mekdonalds„По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналдс“, вели за Дневник Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналдс Европа“ и додава дека компанијата која до сега ја имаше лиценцата, сега сама ќе одлучи дали рестораните ќе работата под некој друг бренд. Засега не се познати причините за прекинот на досегашниот договор.

{loadposition content9}