Министерство за економија
Замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат до крај на годинава
Mаржата за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци во трговијата на големо утврдена е до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.
| инфодеск | Македонија
Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.
Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година.