Бектеши : Замрзнатите маржи остануваат до април
Мерката за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи која истекува на крајот на месецов ќе биде продолжена до крајот на април идната година, до кога е прогласена и енергетската криза, најави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција.
Министерот додаде дека ако е потребно, ќе бидат преземени и други мерки во насока на намалување на цените на продуктите, иако, како што кажа, цените особено на основните прехранбени производи веќе се стабилизираат, а некои синџири маркети веќе и самите почнале да ги замрзнуваат цените на производите.
Бектеши нагласи дека за јануари се прават калкулации и со компаниите и со стопанските комори и како што додаде, се очекува дополнително намалување на цените.
Колкаво ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено кога ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори – истакна министерот.