Skip to main content

Координирана акција

Запленети над 1100 метри мрежа и 100 килограми риба

Запленети над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро, информираат од Министерството за внатрешни работи.
 |  инфодеск  | 
Рибарски мрежи

Ноќеска во периодот од полноќ до 7 часот изутринава во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција при МВР, Биро за јавна безбедност, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 килограми улов.

Како што соопшти МВР, мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.