Skip to main content

Започна дистрибуција на налепниците со ознака NMK

Иако првично беше предвидено налепниците да ги купуваат граѓаните по цена од 30 до 50 денари, сепак сега тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР.
 |  инфодеск  | 

Министерството за внатрешни работи почна да ги дистрибуира налепниците со ознака NMK до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед. Од МВР информираат дека граѓаните ќе можат да ги подигнат во најблиската станица за технички преглед. Налепниците треба да ги набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК, а треба со себе да понесе лична карта и сообраќајна дозвола за возилото. Иако првично беше предвидено налепниците да ги купуваат граѓаните по цена од 30 до 50 денари, сепак сега тие ќе бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР.

Обврската за користење на кодот „NMK“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор која треба да се реализира до 12 февруари. Оние граѓани кои нема да имаат ваква налепница после 12 февруари нема да може да ја напуштат државата.