Skip to main content

Започна исплатата на МојДДВ

Се работи за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024.
 |  инфодеск  | 
Мој ддв

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните. Се работи за периодот јануари, февруари и март, односно првото тримесечје од 2024.

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник. Доколку во едно семејство има двајца корисници на оваа мерка, тоа се 16.800 денари во семејниот буџет во текот на една година.

Оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија. Се повеќе граѓани бараат фискални сметки од бизнисите. Евидентиран е зголемен број на пријави од страна на граѓаните за неиздавање на фискални сметки.