Skip to main content

Започна пописот во Македонија

Од денеска до 15 октомври во Македонија ќе се спроведе најголемото статистичко истражување – пописот на населението, домаќинствата и становите. Пописот се оддржува и покрај оставките на првите луѓе на ДПК.

 |   | 
popis
попис

пописОд денеска до 15 октомври во Македонија ќе се спроведе најголемото статистичко истражување – пописот на населението, домаќинствата и становите. Пописот се оддржува и покрај оставките на првите луѓе на ДПК.

Пописот во Македонија почна во 8 часот изутрината. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите од податоци на корисниците во државата и во странство.

Според Законот за попис, треба да бидат попишани сите лица што живеат во Република Македонија, граѓаните кои живеат или престојуваат во странство во изминатите 12 месеци и оние кои имаат престојувалиште во земјата, како и сите домаќинства и станови на територијата на Република Македонија.

Попишувањето ќе го вршат по двајца попишувачи што ќе поставуваат прашања во согласност со пописната методологија и одговорите на граѓаните ќе ги запишуваат во печатени пописни обрасци. Граѓаните ќе треба да одговорат на прашањата каде живеат, кога и каде се родени, за образованието и нивната работа, колку членови има домаќинството, дали се сите членови на домаќинството присутни, во каков стан или куќа живеат, колкав е станот, дали има помошни простории, за општата здравствена состојба итн.

Личните податоци што ќе се соберат со пописот се строго доверливи. Тие не може да се користат за донесување на какви било одлуки во однос на лицето за кое се однесуваат. Податоците ќе се обработат и ќе се користат само како збирни податоци.

Првите податоци од пописот, според најавите, треба да бидат објавени во декември оваа година.

{loadposition content9}