Skip to main content

Министерство за култура

Започна пријавувањето на Проекти од национален интерес од културата за 2024 год

Од денес на пладне отворен е системот Електронско пријавување на Проекти од национален интерес за култура за 2024 година, ќе биде затворен на 6 ноември, а ќе се спроведува преку националниот портал за  Е услуги.Системот автоматски го препознава невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти може да конкурираат по дејност.
Министерство за култура

Стартува пријавувањето на  Проекти од национален интерес за култура за 2024 година. Од денес на пладне отворен е системот Електронско пријавување на Проекти од национален интерес за култура за 2024 година, ќе биде затворен на 6 ноември, а ќе се спроведува преку националниот портал за  Е услуги. Квалитетот, иновативноста и креативноста остануваат, приоритетите спорид кои ќе се водат од министерството во доделување  средства за реализација на Проекти од национален интерес за култура за 2024 година, истакна Министерката за култура  Бисера Костадиновска – Стојчевска.Таа посочи дека има новини во самиот конкурс, во насока на подобрување на квалитетот.

Министер Бисера-КостадиновскаСтојчевска

„Во заштитата на културното наследство, ќе има три посебни пријави по дејности кои досега беа по иста пријава. Библиотечна дејност, Музејска дејност и Нематеријално културно наследство. Заштита на недвижно културно наследство и аудиовизуелни добра. Целта е да се поедностави и олоесни процесот на пријавување. Критериумите, мерилата и начинот за финансирање не се променети.Станува збор само за посебни пријави.“ – изјави министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во годишниот конкурс за финансирањее на пороекти од национален интерес за култура за 2024 година,  ќе се финансираат проекти кои се однесуваат на унпредување на страегискиот дел со САД, унапредување на иницијативата со земјите членки „Отворен Балкан“ и проекти за поврзување со дијаспората.

„Прироритет ќе имаат проектите кои ќе не промовираат во градовите , европски престолнини на културата, за 2024 година и во земјите претседавачи со ЕУ, во 2024 година.Иксуството од минатогодишните конкурси, покажа зголемен интерес за детеската литература на македонски јазик Македонски јазик. Сакам да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат нивниот интерес  во квалитетот на овој конкурс.“ – порача Костадиновска – Стојчевска.

Исто така и млaдите автори остануваат во фокусот на нашето внимание, рече министерката. Системот автоматски го препознава невниманието на корисниците кон општите услови и правила за тоа со колку проекти може да конкурираат по дејност. Ова е многу важно за да не пропаднат добри проекти поради невнимание. Решенијта за профатени одбиени или отфрлени проекти корисниците ќе ги добијат по електронки пат.