Skip to main content

Започна првиот судски процес против мобинг во Македонија

И невладините организации и синдикатот сметаат дека со измена на два члена од Законот за работни односи тешко дека ќе им се овозможи соодветна правна заштита на жртвите од мобинг.

baknez
бакнеж
И невладините организации и синдикатот сметаат дека со измена на два члена од Законот за работни односи тешко дека ќе им се овозможи соодветна правна заштита на жртвите од мобинг

Во битолскиот Основен суд започна првиот судски процес против мобинг, односно психичко малтеретирање на работно место. Името на битолчанката која поднела тужба, како и тужената компанија се чуваат во тајност. Но, се дознава дека тужител е работничка која за мобинг ја обвинила текстилната компанија во која работела. Ова е можеби единствена или една од ретките тужби за мобинг поднесени во државата, соопштува Радио Слободна Европа.

Организациите кои ја испитуваат ваквата проблематика за Радио Слободна Европа велат дека жртвите многу тешко се одлучуваат да пријават зашто сметаат дека газдите ќе ги прикријат доказите.

,,Се плашат за своето работно место и поради таа причина не пријавуваат мобинг. Од друга страна како причина за непријавување го наведуваат тоа „што и ако пријавам нема начин на кој ќе бидам понатаму заштитен“. Се плашат и од моќта на работодавачите во одредени ситуации кои сметаат дека се доволно моќни да се заштитат самите себе и да нема практично докази за мобинг“, изјавила Драгана Митровиќ програмски менаџер на прокети кои го третираат мобингот. Тужителката од Битола правно ја застапува Регионланиот синдикален сојуз за Радио Слободна Европа.

,,Одржани се две рочишта од тој спор, не е завршен, па затапување продолжува и понатаму. Ова е навистина уникатен процес кој се води во Република Македонија. Според наша проценка можно е да има проблем ако се јават одредени притисоци, но од наша страна беше кажано дека доколку добиеме информации за притисоци ќе поднесеме кривичнио пријави против тие што вршат притисоци и против сведоците“, вели синдикалецот Живко Митревски за радиото.

И невладините организации и синдикатот сметаат дека со измена на два члена од Законот за работни односи тешко дека ќе им се овозможи соодветна правна заштита на жртвите од мобинг.

Во последно време се поотворено се говори и за политичкиот мобинг кој во Македонија станува редовна појава при промена на власта. Причина за мобинг често е политичката припадност на вработените и на работодавачите.

{loadposition content9}