Skip to main content

Започна скопскиот филмски фестивал

Свечено е отворен традиционалниот скопски филмски фестивал, на кој публиката ќе може да види дел од најновите светски хитови, како и три македонски премиери.

logo
лого
Свечено е отворен традиционалниот скопски филмски фестивал, на кој публиката ќе може да види дел од најновите светски хитови, како и три македонски премиери.

Честа синоќа да го отвори 12 издание на филмскиот фестивал му припадна на филмот „Вики Кристина Барселона” на Вуди Ален.

Под слоганот „Пролетно филмско будење”, филмскиот фестивал ќе се одржува во три кино сали (Рамстор 1 и 2 и Кинотека на Македонија) до 29 април.

premieraФилмската програма е поделена на главна, авторски филмови, специјални проекции, источно-европски вестерн, документарна програма, кратки и едноминутни филмови.

Во рамки на фестивалот ќе биде доделено постхумно признание на доајенот на македонската кинематографија Бранко Гапо, а ќе биде прикажана и ретроспектива на неговите филмови,.

Македонски премиери ќе имаат филмовите „Созерцание” на Иво Трајков, „Плати и жени” на Атанас Георгиев и „Изгрејсонце” на Ѓорче Ставрески.

 

{loadposition content9}