Почнува учебната 2008/2009 година
Основните и средните училишта денеска ја почнуваат 2008/2009 година, во која новина е воведувањето задолжително средно образование и вероучението во основно.

По августовскиот уписен рок незапишани во средно останаа околу 2.700 ученици. Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), околу илјада од нив се очекува образованието да го продлжат во приватните средни училишта. За останатите уписот континуирано трае, а МОН најави стимулативни мерки за родителите кои не ги запишале децата во средно. Во спротивно ќе важи Законот за средно образование кој предвидува казна од илајада евра.
Учениците од семејства приматели на социјална помош ќе добијат бесплатни учебници, за што МОН обезбеди 250 милиони денари. Од учебната 2009/2010 година учебниците ќе бидат бесплатни за сите ученици од прво одделение до четврта година.
Во основите учлишта, пак, новина од оваа година е воведувањето верско образование за петтоодделенците кои избираат меѓу веронаука или историја на религиите. МОН се уште нема точен број за определеноста на учениците, а за двата предмета планира да вработи 150 професори. Наставата по веронаука ќе ја изведуваат вероучители со завршен Теолошки факултет. Завчера почна пријавувањето и обуката на кандидатите за професори по веронаука, кои ќе добијат лиценци за настава. Предметот ќе биде задолжителен со два часа неделно.