Започнува исплатата на септемвриските пензии, зголемени за 5,3%
Од денеска почнува исплатата на пензиите на филијалите на комерцијалните банки на редовниот начин, како пред пандемијата.
Пензионерите со септемвриската пензија ќе го добијат зголемувањето за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу добиваат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски пензии ќе добијат само 700 денари повеќе.
„Ова е второ усогласување за годинава. Во март беше зголемена за 8,4 проценти и заедно со овие 5,3, изнесува 13, 7 проценти.“– велат од Министерството за труд и социјална политика.
Пензионерите изминатиов период протестираат со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да имаат подостоинствен живот во услови на економска криза.