Skip to main content

Државна изборна комисија

Започнува јавниот увид во Избирачкиот список

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК upisis@sec.mk.
 |  инфодеск  | 

Проверката на податоците во Избирачкиот список за избор на претседател на 24 април и за избор на пратеници во Собранието на 8 мај започнува денеска и ќе трае до 18 март 2024 година до полноќ.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk  или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: upisis@sec.mk.

Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот.

Адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.