Започнува камањата „Не смислувајте изговори“
Во текот на месец март сите граѓани ќе може да направат бесплатен преглед за откривање на ракот на дебело црево, преку брзи тестови за скриено крвавење во изметот.
Во текот на месец март сите граѓани ќе може да направат бесплатен преглед за откривање на ракот на дебело црево, преку брзи тестови за скриено крвавење во изметот.
Тестовите може да се подигаат кај матичниот лекар, како и во центрите за јавно здравје. Ваквата акција се прави поради фактот што последните 10 години е двојно зголемен бројот на болни од овој вид рак. Годишно во земјава пак заболуваат во просек по 500 лица.
Во рамките на акцијата Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство и Здружението „Борка“, почнуваат и кампања со наслов „Не смислувајте изговори“, во која ќе бидат опфатени ризичните групи на возраст од 50 до 74 години.
{loadposition content9}