Започнува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“
Традиционалната стопанско – туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2009“ – Општина Кавадарци, започнува денеска со пригодна програма.
Гроздобер

Манифестацијата, како што е соопштено, ќе биде свечено отворена точно напладне.
Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала од антички времиња, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. “Дионисови денови”.
На овие свечености на кои присуствувало целото население, се јадело, се пиело и се веселело неколку дена.
Кавадарци, како домаќин на манифестацијата, важи за најголем производител на грозје и на вино во Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основниот предизвик на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер.

{loadposition content9}