Skip to main content

Запознајте го Дино, новиот крзнен пријател на патниците од Меѓународниот Аеродром Скопје

Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.
 |  инфодеск  | 

Дино е златен ретривер кој од вчера, 22. ноември, е гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Патниците кои чекаат да се качат на својот лет, можат да го погалат и да си поиграат со него.

„Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет.“ – велат од ТАВ Македонија.

Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.