Skip to main content

Ќе заседава комисијата за пандемиски грип

Комисијата за пандемиски грип денеска треба да одржи состанок по кој ќе бидат соопштени детали за случајот на 32- годишниот пациент кој е е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија.

Bujar Osmani
Бујар Османи

Комисијата за пандемиски грип денеска треба да одржи состанок по кој ќе бидат соопштени детали за случајот на 32- годишниот пациент кој е е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија и кој во вторникот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со висока температура и отежнато дишење.

doktorkaМинистерот за здравство Бујар Османи синоќа изјави дека пациентот починал доцна попладнето а на Клиниката бил примен претходниот ден со тешка клиничка слика. На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост. Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Министерот Османи напомена дека системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од, како што рече, оваа неизбежна пандемија.





{loadposition content9}