Skip to main content

Агенција за храна и ветеринарство

Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик. “ – информираат од АХВ.
 |  инфодеск  | 

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку  се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за деца при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето. 

„Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик. “ – информираат од АХВ.

Оттаму апелираат до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800  3  22  22, или електронски на info@fva.gov.mk