„Да ја заштитиме Македонија од пожари“
Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарниот сојуз и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денес организираат акција за превенција од пожари, под мотото „Да ја заштитиме Македонија од пожари“.
| | Македонија
пожар

Акцијата ќе се реализира преку делење флаери на плоштадите или на најфрекфентните улици во Скопје, Битола, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Кавадарци, Пробиштип, Штип, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Неготино, Велес, Прилеп, Крушево, Струга, Кичево, Дебар, Гостивар и Свети Николе.
Целта на настанот е да се подигне свеста на граѓаните за пожарите, за нивно спречување, како и подготовка на населението за престојната сезона од пожари и неговата улога во системот за заштита и спасување.
Ваква акција беше организирана и минатата година, што се покажа успешно и наиде на позитивни критики од локалното население и од другите владини и невладини институции.

{loadposition content9}