Skip to main content

Затворот Идризово ќе биде урнат, ќе се гради нов

Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра.

 |  Маја Савиќ  | 
zatvor
затвор
zatvorЗатворите во земјава ќе бидат целосно реновирани, според најстрогите европски стандарди. Зградата на најголемиот затвор во државата „Идризово“ ќе биде урната и на нејзино место ќе се изгради нова зграда, според најсовремените европски стандарди на 43.000 квадратни метри со капацитет за 1.510 лица.

Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа и одобри заем на Македонија во износ од 46 милиони евра, а вкупниот износ за проектот реконструкција на казнено-поправните институции ќе чини 52 милиони евра. Македонската влада ќе обезбеди 2,5 милиони евра буџетски средства, а преостанати пари ќе се обезбедат од фондовите ИПА, а и од фондот на норвешката влада.

Министрите за финансии и за правда, Зоран Ставрески и Михајло Маневски,врлат дека заемот е обезбеден под исклучително поволни услови, а рРокот на отплата е 20 години со пет години грејс период.

– Каматната стапка е варијабилна и за секоја транша ќе се одредува посебно. Договорено е каматната стапка да се одредува според шестмесечен еубор плус 0,3 отсто, рече Ставрески.

Министерот за правда Маневски појасни дека станува збор за најголемата инвестиција во оваа област во Македонија.

– Конечно со реализацијата на овој проект Македонија ќе ги надмине сите приговори околу затворските услови, како што беше за пренатрупеноста, несоодветните услови и слично, рече Маневски.

Спред него, покрај изградбата на нова зграда во Идризово, предвидено е подобрување на условите и зголемување на сместувачките капацитети во затворите во Куманово и во Шутка, како и изградба на нов воспитно поправен дом во Тетово.
{loadposition content9}