Skip to main content

Завршува предизборната кампања – од полноќ предизборен молк

На полноќ завршува предизборната кампања и почнува 24 – часовниот молк за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во недела, на 5 јуни.

 |   | 
molk
молк

izboriВо рок од 24 часа пред денот на одржување на изборите забрането е водење политичка кампања во која било форма. Предизборниот молк трае се’ до завршувањето на гласањето или затварањето на гласачките места.

Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.

Гласањето ќе почне во недела во седум часот а право да гласаат имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да гласаат се до 19 часот.

За прв пат во Македонија ќе гласа и дијаспората еден ден порано, односно утре, сабота, во трите изборни единици во странство – во Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Правото на глас во недела ќе можат да го остварат и 2.222 лица од притвор или на издржување на казна затвор, 407 внатрешно раселени лица и болните и изнемоштените лица.

Изборите во недела ќе ги следат 7.830 набљудувачи од ДИК, 234 од ОБСЕ/ОДИХР, од Парламентарното Собрание на ОБСЕ 47, од Амбасадата на САД 39, делегацијата на ЕК 20 и 16 од Советот на Европа а набљудувачи ќе има и од амбасадите на Франција, Словенија, Велика Британија, Русија, Чешка, Австрија, Турција, Кина, Унгарија, Хрватска, Италија и на Словачка во Скопје.

Набљудувачи ќе има и од МОСТ 4.466 како и од други невладини организации.

{loadposition content9}