Skip to main content

Завршија Локалните избори 2013?!

Андреј Жерновски е новиот градоначалник на Центар , додека Зијадин Села е новиот градоначалник на Струга.

logo
лого

Со 14.566 гласови за Жерновски, наспроти 11.760 за актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, од опозицискиот штаб јавија дека Жерновски извојувал победа во Центар со разлика од 3038 гласови.

Честитка му упати ИлијаДимовски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во две од четирите општини на вчерашното гласање.

kutiiДемократската партија на Албанците во Струга прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник Зијадин Села.
По прегласувањето на вториот круг во девет избирачки места во општината, Села ја задржа големата предност над заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Д-р Владо Кочоски. Според неофицијалните резултати на изборниот штаб на ДПА, заедно со гласовите од прегласувањето Зијадин Села освоил 20728 гласа,а Владо Кочоски 14676. Според изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ, Села освоил 19.823, a Кочоски 14.667 гласа.

{loadposition content9}