Skip to main content

Земјоделството и туризмот во Македонија привлечни за Казакстан и Азербеџан

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа во Истанбул се сретна со претседателите на Казакстан и Азербејџан, Нурсултан Назарбаев и Илхам Илиев. Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека економските односи и инвестициски релации биле фокус теми на средбите.

 |  Маја Савиќ  | 
езеро
ezero
Zaliv na koskiteЗаеднички било констатирано дека многу малку знаеме едни за други и можностите за инвестирање. Динамизирање на политичкиот дијалог, да се зајакнат контактите на сите нивоа и максимално посветено да се пристапи во изградување на правната рамка на билатералните односи, што значи договори за економска-техничка соработка, договори за заемна заштита на инвестициите и за одбегнување на двојното одданочување, како и низа други олеснување на економската соработка.

Двајцата претседатели искажале подготвеност за инвестирање во Македонија особено во земјоделството и во туризмот. Од друга страна, отворена е можноста македонски фирми да учествуваат во индустријализација на Казакстан.

Иванов во Истанбул присуствува на третата конференција за интеракција и градење мерки на доверба во Азија.

Македонскиот претседател како почесен гостин од земјата претседавач со Советот на Европа кој стигна на конференцијата по покана на домаќинот, турскиот претседател Абдула Ѓул ќе се обрати пред шефови на држави и влади од 20 земји, меѓу кои и претседателите на Иран Махмуд Ахмадинеџад, на Авганистан Хамид Карзаи и на Украина Виктор Јануковиќ, како и рускиот премиер Владимир Путин, се очекува да го демонстрира неговиот генерален правец за македонската надворешна политика „отвореност кон сите“.

{loadposition content9}