Емсц
Земјотрес од 3,6 степени во тетовско
Земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран денеска во 9 часот и 11 минути, во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.
| инфодеск | Македонија
Земјотрес со јачина од 3,6 степени утрово беше почувствуван во тетовско, во 09:11 часот по локално време.
Како што соопшти европскиот сервис „ЕМСЦ“, земјотресот се случил на 8 километри од Тетово.
Епицентарот бил во близина на тетовското село Брвеница, кое пак се наоѓа на околу 32 километри од Скопје.
Освен во околните места, земјотресот беше почувствуван и во главниот град.