Skip to main content

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почуствуван и во Македонија

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почуствуван и во Македонија.
 |  инфодеск  | 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на Македонија.

Потресот бил регистиран во 5:04 часот на околу 158 километри југозападно од Скопје, а според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот на земјотресот бил на 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од пет километри.