Skip to main content

Кривична пријава

Жена украла бебе во ГТЦ

Како што соопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
 |  инфодеск  | 
Бебе

Полицајци денеска ја уапсиле С.С од Скопје набрзо откако во 11:30 добиле пријава дека таа одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.

Како што соопшти МВР, детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител, соопшти МВР.

Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.