Зголемен е бројот на починати доенчиња во државата
Во Македонија минатата година починале 229 доенчиња, со што е надминат бројот на умрени доенчиња во однос на претходната година кога државата се најде на врвот на ТОП листата на Еуростат со 212 починати бебиња.
Во Македонија минатата година починале 229 доенчиња, со што е надминат бројот на умрени доенчиња во однос на претходната година кога државата се најде на врвот на ТОП листата на Еуростат со 212 починати бебиња.
Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика стапката на умрени новороденчиња се искачи на 9,9 на 1000 жители, а просекот во Европа изнесува шест починати на 1000 жители.
Со ова Македонија може повторно да биде рекордер по бројот на умрени доенчиња во Европа. Само во последното тромесечје од минатата година починале 72 доенчиња. Во третото тромесечје починале 52 доенчиња, во второто 59, а во првите три месеци од годината 46 доенчиња. Бројот на мртвородени бебиња пак, за минатата година изнесува 214.
Овие шокантни податоци не ги изненадија гинеколозите бидејќи според податоците од крајот на годината, ваквите бројки беа очекувани. Тие причина за ваквата состојба ја гледаат во лошата здравствена политика и недостигот на матични гинеколози, како и немањето на финансиски средства за да се реализираат програмите наменети за жените во текот на бременоста.
Како најголема причина за смртност минатата година беа наведени инфективните болести и сепсата.
{loadposition content9}