Skip to main content

Државен завод за статистика

Зголемен бројот на туристи, најбројни гостите од Турција

Нагорен тренд покажуваат бројките од ДЗС во посетите од странски туристи и остварени ноќевања.
 |  инфодеск  | 
туристи

Во април годинава, во државата се регистрирани 69.934 туристи. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупната бројка е сочинета од 25,8 отсто домашни или 18.028 и 74,2 проценти, односно 51.906 странски гости.

Бројот на остварените ноќевања во април е 130.702. Поголемиот дел, или 71,6 проценти се реализирани од гостите дојдени од странство, а 28,4 отсто од домашните посетители, или 93.530 ноќевања од странци и 37.172 од домашни туристи.

Споредбата меѓу годинешниот и ланскиот период јануари – април покажува раст од 24,3 насто кај бројот на туристите. Кај странците има зголемување за 46,1 процент, додека кај домашните туристи е забележано намалување за 3,6 отсто.

Во период јануари – април по нагорна линија се движи и бројот на ноќевањата, кој е за 13,6 проценти повисок од истиот период лани. Притоа, кај домашните гости има пад од 4,8 отсто, а пораст од 29 насто кај странските гости.

И понатаму на првото место според посетеноста е главниот град. Скопје  во април го посетиле 27.738 туристи. Следни по посетеност се езерските ресорти со 24 014 туристи.