Skip to main content

Државен завод за статистика

Зголемени цените на угостителските услуги

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.
 |  инфодеск  | 
Угостителство

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,3 отсто, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.. 

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година во споредба со мај 2023 е зголемен за 0,3 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.