Skip to main content

Злато, сребро, два бронзени медали и пофалници за македонската екипа на математичка олимпијада во Јапонија

“Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина!” – велат од Сојузот на математичари на Македонија.
 |  инфодеск  | 

На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!

На овој светски мегдан за извонредност македонската екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.

ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)

АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)

НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)

НИКОЛА СПИРОВСКИ (бронзен медал; со освоени 19 поени)

ЈАН СТОЈАНОВСКИ (пофалница; со освоени 17 поени)

БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ (пофалница; со освоени 11 поени)

Успехот на овие наши деца е успех за целата татковина! Им честитаме и им посакуваме уште многу идни академски достигнувања!” – велат од Сојузот на математичари на Македонија.