Ѕвездата од скопската зоолошка
Неговите фотографии, на кои се прикажани животните од Зоолошката градина во Скопје, Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата, а беа објавувани и во рубриката „Дејли доуз“.
Неговите фотографии, на кои се прикажани животните од Зоолошката градина во Скопје, Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата, а беа објавувани и во рубриката „Дејли доуз“.
Фотографија, пак, со мотиви од Матка беше прогласена за фотографија на неделата на агенцијата „Ројтерс“, пишува Нова Македонија.
Кога ги гледате неговите фотографии, имате чувство дека сте во дивината и дека животните од фотографиите се проѕеваат, се тепаат и се сакаат пред вашите очи. Таква експресија има на нивните лица што човек ќе помисли дека за да се направи толку моќна фотографија биле потребни недели.
Горан Анастасовски е „виновникот“ што стои зад овие мали уметнички дела. Леопарди, тигри, лавови, мајмуни, мечки, рисови, срни, волци, но и птици и портрети на природата – неговите фотографии се толку моќни што и Нешнал географик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата.
„Од 2006 година почнав активно да фотографирам. Во фокусот главно ми се природата и дивиот животински свет. Истата година моја фотографија беше објавена на цела страница во престижното списание за фотографија „Дигитал камера ворлд“. Така почна сѐ. Мотивацијата ми стана уште поголема, а фотографирањето ми стана хоби и опсесија. Следната година истото списание ми објави уште една слика – раскажува Анастасовски за Нова Македонија.
На многумина им изгледа дека овие фотографии се направени во Африка, но Горан објаснува дека сите тие се снимени тука.
„Сите ме прашуваат каде се правени фотографиите. А сите се направени во Зоолошката градина. Тоа е многу потешко отколку да сликаш во Африка, зашто треба да ги избегнеш сите елементи што се вештачки, особено зашто нашата градина е мала, па се гледаат решетки, куќички и други елементи. А јас ги фотографирам однадвор и затоа е проблематично. Сепак, мислам дека успешно го правам тоа и дека на фотографиите животните изгледаат како да се во природна средина“ вели тој
Фотографиите изгледаат како живи, што не е случајност зашто Анастасовски животните ги чека со часови за да направат одредена поза, коментира весникот.
{loadposition content9}