Skip to main content

Ѕвездено небо во чест на Тоше Проески

По повод четири години од последниот, хуманитарен концерт на Тоше Проески, вечер од 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе биде одржана третата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, организирана од членовите на Фан клуб форумот на Тоше.

 |   | 
Todor Proeski
Todor Proeski

Todor ProeskiПо повод четири години од последниот, хуманитарен концерт на Тоше Проески, вечер од 19 часот на плоштадот „Македонија“ ќе биде одржана третата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, организирана од членовите на Фан клуб форумот на Тоше.

Фан клубот во соработка со Црвениот крст на Град Скопје денеска од 10 до 18 часот во Дом на АРМ организира и крводарителска акција во чест и сеќавање на Тоше, кој на овој ден во 2007 година одржа голем концерт на градскиот стадион, чиј приход беше наменет за училиштата во Македонија.

Ќе се пејат сите негови хитови од почетокот на неговата кариера па се до неговиот последен албум.Од големиот видео бим поставен на плоштадот ќе бидат пуштани многуте настапи на Тоше, па така милениците и фановите на неговите песни ќе можат барем за момент да бидат поблиску до него.

„5-ти октомври 2007 година беше датумот на кој се одржа последниот хуманитарен концерт на нашиот најмил Тоше. Една од неговите желби беше концертот да биде традиција. Ние фановите сме овде да ја исполниме неговата желба и аманет. Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше, и сите заедно да му покажеме дека сеуште е дел од нашите срца“, велат фановите на легендарниот пејач.

{loadposition content9}