Алармантна е состојбата со недостиг на медицински сестри
Алармантна е состојбата со медицинските сестри, во болниците ширум земјава недостигаат околу 6000. Во Агенцијата за вработување се впишани 720 невработени медицински сестри, но дел од нив се ангажирани со договор на дело во болниците, а поголем дел веќе ја напуштиле професијата. Од Унијата на медицински сестри велат недостигот на кадар генерира незадоволни пациенти, и апелираат да се отворат конкурси за нивно вработување.
„ Значи тие не заминуваат само заради тоа што имаат недостаток во личните доходи, имавме неколку покачување на платите, имаат додатоци кои што, ајде да кажеме, се поместени во точката од која што се. Меѓутоа, здравата работна околина не ја чинат само финансните. Тука е признавањето на професијата, препознавањето, езбедността во работата, кариерниот развој, многу важен за медицинските сестри.“ – вели Гордана Бешлиовска, Претседателка на Унијата на Здружението на медицинските сестри.
Најголем недостиг на медицински сестри има во стационарите, каде работата е многу опсежна, патронажните служби, потоа во операционите сали, клиниките, во болниците во внатрешноста, но и во одделите за интензивна нега каде се тешко болните и треба да има една сестра на еден пациент или најмногу на двајца пациенти една медицинска сестра.
„ Унијата на здруженијата на медицинските сестри оствари една многу надежна средба со министерот. И тој на нас ни вети дека се она што го бараме и подигаме гласот во делот на системските прашања сидникалните и се. дека ќе застане на нашата страна и дека ќе ни помогне, медицинските сестри да почнаат од некаде, да се структуираат, да ја годобиат законот, да го добјиат коморното здружување, да ги добијат сите скалила во кариерниот развој и на крај, знаете што, и прекршочните одредби. да одговарат за се што направиле или не направиле. Тоа е нешто што го крева достоинството на професијата.“ – вели Бешлиовска.
Од Министерството за здравство најавија дека во јавните здравствени установи на примарно, секундарно и терциерно ниво низ државата, веќе е почнат процесот за надополнување на дефицитарните кадри.
Новинар Соња Рилковска