амсм
АМСМ: Укината забраната за движење на тешки товарни возила на преминот „Ѓавато“
Останува на сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои: „Плетвар“, „Пресека“, како и на патните правци Маврово-Дебар-Струга и кон граничниот премин „Ќафасан“.
| инфодеск | Македонија
Во 08.25 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин „Ѓавато“ на патниот правец Битола-Ресен.
Останува на сила е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои: „Плетвар“, „Пресека“, како и на патните правци Маврово-Дебар-Струга и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.