Skip to main content

Министерство за дигитална трансформација

Дел од услугите на uslugi.gov.mk привремено недостапни

Дел од порталот uslugi.gov.mk привремено недостапен поради надградба
 |  инфодеск  | 

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека во моментов граѓаните не можат да користат дел од сервисите на Националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk).

Како што појаснуваат од ресорното министерство, привремениот прекин во функционирањето на порталот се должи на технички причини поврзани со тековното одржување, како и извршување на планирани активности за надградба на системската опрема.

Од Министерството очекуваат електронските услуги повторно да бидат достапни многу скоро. За точниот момент на нормализација на порталот и повторната достапност на сервисите, јавноста ќе биде дополнително и навремено известена.