Skip to main content

Денеска е Божиќ според Грегоријанскиот календар

Верниците во католичките и другите цркви од западниот обред на Божиќ се поклонуваат на јаслите, во кои симболично е претставена сцената на раѓање со богомладенчето, Марија и Јосиф.
 |  инфодеск  | 
Божик

Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија новото сметање на времето, денеска го слават Божиќ.

Според евангелската традиција, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, па и покрај разликите во календарите, тој датум се почитува во целиот христијански свет како почеток на нова ера и нова историја на човештвото.

Во христијанството се верува дека раѓањето Христово ја донело светлината на вистината на човечкиот род и дека овој настан го исполнил старозаветното пророштво за раѓањето на Спасителот.

Верниците во католичките и другите цркви од западниот обред на Божиќ се поклонуваат на јаслите, во кои симболично е претставена сцената на раѓање со богомладенчето, Марија и Јосиф.

Обичајот во црквите да се постават јасли, со фигури кои потсетуваат на лошите услови на шталата во која се роди Христос, датира од 13 век. И верниците денес имаат такви јасли во своите домови.

Во куќите на верниците на Римокатоличката црква, адвентскиот венец е исткаен од слама и борови гранки, украсен со виолетови ленти и има четири црвени свеќи, поради четирите недели пост, кои се палат една по една, секоја недела пред Божиќ.

За време на божиќните празници големо внимание се посветува на елката која има посебно место во секое семејство, на децата им се даваат подароци, а тие рецитираат пеат и свират Божиќни песни.