Државен завод за статистика
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти.
| инфодеск | Македонија
Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември зголемувањето е за 1,3 проценти.