На 24 февруари 2026 година, во 09:40 часот на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 48-годишно лице од Струга.
– При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето го управувало возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.