Денес и утре богослужби во храмот „Свети Никола Геракомија”
Утре православните верници ја слават Преподобната Параскева.

По повод празникот посветен на „Преподобната Параскева (Петка)”, во храмот „Свети Никола Геракомија” денес ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 16:00 часот, информираат од Првата охридска парохија – Варош.
Утренаta Богослужба и Света Божествена Литургија ќе бидат отслужени со почеток во 07:30 часот.




