Skip to main content

УХМР

Денес сончево и топло со температури до 30 степени

Во Охрид денес минималните температури од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид денес минималните температури од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови.

Утре и во четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.