Skip to main content

УХМР

Денес сончево со мала локална облачност, од утре променливо облачно време со сончеви периоди

Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека од утре, сабота, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.

Фото: Ѓоко Симјаноски