Денес во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Глас на хуманоста“ кој беше објавен на иницијатива на Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид, а во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница.

На конкурсот пристигнаа околу 100 литературни и уметнички творби, а можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација.
Наградени се следните учесници:
Поезија од I до V одд.
-Прва награда – Мила Јовеска – V одд. ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Втора награда – Јована Сидороска – V одд . ООУ „Григор Прличев” Охрид
-Трета награда – Виктор Јанески – IV одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
Поезија од VI до IX одд.
-Прва награда – Михаела Митреска VI одд. ООУ „Живко Чинго “ Велгошти
-Втора награда – Милена Кочeска VIII одд. ООУ „Св. Наум Охридски “ Пештани
-Трета награда – Јана Каневче VII одд. ООУ „Григор Прличев “Охрид
Пофалени
– Каја Каралиевска II2 одд. ООУ „Григор Прличев“ Охрид
Поезија – средни училишта
-Прва награда – Андријана Огненоска – ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид
-Втора награда – Јана Кузманоска – ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид
Проза од I до Vодд
-Прва награда – Славјан Митаноски – V одд. ООУ „Кочо Рацин” Охрид
Проза од VI до IX одд
-Прва награда – Стефанија Бакулеска VIII одд. ООУ „Св. Наум Охридски “ Пештани
-Втора награда – Софија Секулоска VIII одд. ООУ „Кочо Рацин” Охрид
-Трета награда – Фросина Симоноска VII одд. ООУ „Григор Прличев” Охрид
Поезија – возрасни
-Прва награда – Зора Златева
Ликовни творби од I до V одд
-Прва награда – Анастасија Костоска – I одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Втора награда – Јулија Голабоска – I одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Трета награда – Маја Лозаноска – II одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
Ликовни творби од VI до IX одд
-Прва награда – Антонио Силјаноски – VI одд. ООУ „Дебрца “ Белчишта
Пофалени
-Деспина Илоска – II одд. ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид
-Иларија Петреска – II одд. ООУ „Григор Прличев“ Охрид
-Мартин Толевски – I одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Софија Богданоска – I одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Калина Шапкароска – I одд. ООУ „Христо Узунов” Охрид
-Софија Трпоска – IV одд. ООУ „Григор Прличев” Охрид

Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност до сите учесници на овогодинешниот конкурс, благодарност за прекрасната соработка со основните и средните училишта од Oпштина Охрид и Општина Дебрца, менторите и родителите.