Skip to main content

Д-р Сашо Џероски во самиот врв на научната јавност

Вештачка интелегенција, признание за работата на Марс Експрес сателитот,  анализа на комплексни збирки на податоци, се само дел од областите на кои работи еден од најреноминараните светски информатичари Др. Сашо Џероски.

 |   | 

Охриѓанецот Д-р Сашо Џероски, кој години е дел од Научниот институт “Јоже Штефан” од Љубљана, од летово е член на Европската Академија на Науки, а пред една година стана член и на МАНУ. Џероски моментално е во Oхрид, каде раководи со Летната школа за анализа на комплексни збирки на податоци, дел од европскиот проект МАЕСТРА. За наговиот прием во МАНУ и Европската Академија на Науките ќе рече дека станува збор за огромно признание за неговата работа, како и признание на работата на неговата екипа.

„Приемот на МАНУ ми е посебно важен бидејќи сум македонец роден сум во Охрид и тука одраснав и се формирав како личност затоа ми е тоа посебно важно и ми причинува огромно задоволство. Приемот во Европската Академија има помалку емотивно, но многу повеќе професионално значање бидејки значи дека кај нас се работи навистина врвна наука“ вели Џероски.

Џероски е во самиот врв од светската научна јавност кога станува збор за информатиката. Признат и баран од најреномираните светски институции од оваа област, се занимава со научна дејност и предава докторски студии на Институтот, а под негов надзор ги подготвуваат докторските дисертации голем број перспективни кадри. Негова потесна специјалност е анализа на податоци, вештачка интелигенција и машинско учење, област во која во изминатите години создаде големо име и светско реноме.

„Целта на вештачката интелегенција е кај компјутерите да произведе однесување кое што е слично на човечкото, на одредени ограничени подрачја, на кои мислиме на човекот му треба интелегенција за така да се однесува“ објаснува тој.

Доказ за неговата посветеност и работа, како и за работата на неговиот тим е информацијата дека тимот на негови соработници од Љубљана неодамна победија на натпреварот организиран од Европската Вселенска Агенција, каде работеа на продолжување на функционирањето на сателитот Mars Express лансиран од сртана на ЕСА.

„Целта на натпреварот беше да се предвиди потрошувачката на енергија на сателитот Mars Express кој кружи околу Марс. Тој сателит се ближи кон крајот на својата животна доба, а за тоа да се направи важно е да се предвиди колкава количина на енергија троши тој сателит“ информира Џероски.

Неговиот тим изработи модели кои покажале колкава енергија ќе му биде потребна на сателитот во иднина. Светски познатиот информатички експерт вели дека тој лично за науката во Македонија прави што може. Меѓу другото, има ангажирано десетина лица од Македонија да студираат во Љубљана докторски студии на неговиот институт. “Се обидувам на колегите од Скопје да им ги отворам вратите на науката. Џероски немал ни 27 години кога докторирал. Бил најмлад доктор по информатика во Словенија. Добитник е на наградата за најдобра докторска дисертација на подрачјето на природните науки, труд кој бил цитиран дури и од познати светски имиња. Набргу потоа добил престижна постдокторска стипендија од Европскиот истражувачки конзорциум за информатика и математика. За стипендија конкурирале повеќе од 200 доктори на наука од цела Европа, а ја добиле само десетмина.