Од ТППЕ Охрид информираат дека денеска интервенирале на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти.
-Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош, велат во нивното соопштение.
Според официјалното соопштение на СВР Охрид, пожарот бил пријавен денеска, во 10.58 часот.
– Пријавено е дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, 44-годишна жена од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот, информираат од СВР Охрид.