СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 и 39 годишни охриѓани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски натпревари кои наводно се одиграле во регионалната Б лига во рамките на Општински фудбалски сојуз Охрид.
-Потоа, изготвувале записници со лажни и непотполни податоци и ги внесувале во системот на Фудбалската федерација на Македонија, со што ја довеле во заблуда, лажно прикажувајќи дека Општинскиот фудбалски сојуз Охрид организирал натпреварување во општинска Б лига со осум екипи како учесници, информираат од СВР Охрид.