Skip to main content

АК Градиште

Нема нелегални активности во АК Градиште, реагира закупецот

Во врска со прес конференцијата на ЗГ од Пештани кои имаат имоти во процес на денационализација, со реакција се огласи компанијата МКМ НОВА ТРЕЈД која стопанисува со АК Градиште.
 |  инфодеск  | 
активности во АК Градиште

Наводите пласирани на прес конференцијата на здружението на граѓани од Пештани кои имаат имоти во процес на денационализација, се дезинформации, реагира компанијата МКМ НОВА ТРЕЈД која стопанисува со АК Градиште. Децидни се дека нема нелегални активности во АК Градиште. На наведената локација од Автокампот, не се одвиваат никакви градежни активности или било какви други нелегални активности спротивни на законот, стои во реакцијата.

„Ниту се носат бетони,железо или било какви други материјали,а на крај памет е изјавата дека во тек е изградба на објекти од цврста градба. Напротив, како општествено одговорна компанија, којашто води грижа за зачувување на животната средина, презедовме низа активности за подигање на нивото на квалитет на услуга на нашите клинети ,како и зафати за подобрување на енегретската ефикасност.“– се вели во реакцијата.

Од компанијата која стопанисува со кампот посочуваат дека биле спроведени активности за комплетно чистење на канализациониот систем и инсталираната пречистителна станица за подобрување на квалитетот на водата којашто се третира. Исто така поради високиот раст на цените на енергенсите, превзеле активности за поставување на сончеви колектори за греење на техничка вода за потребите на автокампот. Активностите биле спроведени во соработка со стручни лица од овластени Фирми врз основа на склучен договор.

АК Градиште

Ноторна лага и невистина е дадената изјава дека им е забранет влезот во Автокампот за надлежните органи за спроведување на редовни или вонредни контроли од нивниот делокруг на работење, децидни се од компанијата МКМ НОВА ТРЕЈД .

Воедно ги повикуваат сите поединци и субјекти, коишто на било каков начин полагаат право на сопственост на одредени локации во Автокампот, кој што според нивните изјави им бил одземен, своите права да ги реализираат низ институциите на системот и правната држава.

Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.